Untitled

ЗА ДЕЦА ОД 6 МЕСЕЦИ
УЧИЛИШТА ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК
ДО 14 ГОДИНИ
Image is not available
ENGLISH IS FUN
МЕЃУНАРОДНА ФРАНШИЗА
СО НАД 5.000 УЧИЛИШТА ВО СВЕТОТ
Image is not available
УЧЕЊЕ НИЗ ИГРА, ЗАБАВА
ИНТЕРАКТИВНА ПРОГРАМА
КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ...
Image is not available
SUMMER CAMP
СУПЕР ЗАБАВЕН ЛЕТЕН КАМП
АНГЛИСКИ, ЗАБАВА, ДРАМА, АЕРОБИК...
Image is not available
Arrow
Arrow
Slider

ДОДЕКА СЕ МАЛИ, ДЕЦАТА НАЈДОБРО, НАЈЛЕСНО И НАЈЕФИКАСНО ГО УЧАТ СТРАНСКИОТ ЈАЗИК!

Во LCF CLUBS – меѓународна франшиза на училишта за странски јазици со повеќе од 5.000 центри во светот, децата може да почнат да учат странски јазик на возраст од 6 месеци до 14 години!

Првото училиште под заштитното лого на LCF CLUBS беше основано во Хемпшир, Англија, од страна на идејниот творец на методот – г/ѓата Линда Елис во 1985 година. За неверојатно кратко време, како резултат на одличниот метод и начин на предавање LCF CLUBS комплетно ги освои симпатиите и срцата на децата и нивните родители.

По одличниот старт, во LCF CLUBS покрај курсот за француски јазик (Le Club Francais) беа лансирани и специјализираните училишта (клубови) за изучување на шпански јазик  (El Club Español), како и клубовите за изучување англиски јазик за деца (The Kids Club и Jazz-Mataz) кои бргу беа лансирани и на меѓународниот пазар.

УНИКАТЕН МЕТОД НА УЧЕЊЕ

Секоја седмица, во училишните центри на LCF CLUBS, уникатниот метод на изучување на англискиот, францускиот и шпанскиот го следат речиси 40.000 деца.

Од каде произлегува популарноста на нашите клубови?

Една од најзначајните предности на LCF CLUBS е уникатниот метод на предавање кој е идеално прилагоден на возраста на децата. Јазиците се изучуваат на природен начин. Преку игра, забава, песни, движења, повторувања.

Без оптоварување, без притисок, без стрес. На истиот начин, на кој децата природно го изучуваат и својот мајчин јазик. Притоа, во наставата се применуваат и врвните материјали (книги, работни тетратки, флеш карти и помагала), креирани од страна на LCF CLUBS.

ПОГЛЕДНЕТЕ ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА ВО LCF CLUBS

Aтрактивни, забавни и полезни во совладувањето на наставата се и интерактивните интернет платформи Englishzone и Babelzone кoи содржат стотици песни, анимирани приказни, игри, вежби и материјали со кои децата сами или со своите родители го учат јазикот и во домашна атмосфера.

Квалитетот на наставата е еден од најзначајните приоритети на LCF CLUBS, па секој наставник мора да помине интензивни и специјално димензионирани тренинзи.

slika 2

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДНОСТИ ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА

Со активното дружење и членство во клубовите, децата добиваат дополнителна доза на самодоверба. Компактноста на клубовите ја зголемува и нивната желба да доаѓаат на настава, да се дружат, да учат, да се натпреваруваат и постигнуваат одлични резултати.

Резултатот и напредокот кај Вашите деца можете веднаш да го забележите, а праксата покажува  дека најголемиот број на деца кои својата настава ја спроведувале во мрежата на LCF имаат одличен изговор и нагласок при зборувањето и комуникацијата.

ЛЕТЕН КАМП

Од 2017 година, училиштата на LCF CLUBS во Македонија започнуваат со организација на специјалните Летни Кампови (LCF Summer Camps).

ЗА ДЕЦА ОД 4 ГОДИНИ
SUMMER CAMP
ДО 14 ГОДИНИ
Image is not available
ENGLISH IS FUN
КОМПЛЕТНАТА ПРОГРАМА
СЕ ИЗВЕДУВА НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК
Image is not available
УЧЕЊЕ НИЗ ИГРА, ЗАБАВА
ИНТЕРАКТИВНА ПРОГРАМА
КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ...
ПРИЈАВЕТЕ СЕ!
ГРУПИТЕ СЕ МАЛИ А БРОЈОТ
НА ДЕЦА КРАЈНО ОГРАНИЧЕН
Image is not available
ArrowArrow
ArrowArrow
Slider

Родителите имаат можност да ги запишат своите деца на уникатната LCF CLUBS програма, што се спроведува во претпладневните часови.

Во летните кампови, комплетната активност се одвива на англиски јазик, а децата, секој ден, од понеделник до петок во 4 забавни часа, покрај интензивното учење на англискиот јазик под будните очи на нашите наставници ќе имаат и специјално дизајнирана програма :

– Уметност (креативни работилници)

– Часови по драма (први артистички чекорчиња)

– Музика и Пеење 

– Светски авантуристи (часови по географија)

– Мали готвачи (интерактивни часови по готвење и здрава храна)

– Аеробик за деца (во здраво тело здрав дух)

– Активности надвор

– Ужинка

Летниот камп е идеално место за сите деца да се запознаат со магијата на LCF CLUBS, да го научат ефикасно англискиот јазик, да научат многу нови работи, да се дружат со своите другарчиња, да ја зголемат својата самодоверба…

Бројот на деца во групите е крајно ограничен.

LCF CLUBS ВО МАКЕДОНИЈА

Надвор од Обединетото Кралство LCF CLUBS оперира преку Мастер Франшизери, кај кои главниот фокус е најчесто Англискиот јазик. Во моментот мастер франшизерите преку своите мрежи функционираат во Австралија, Европа, Јужна Америка и Азија.

За Македонија, лиценцираниот партнер е фирмата – “ЛЦФ Kлубс” дооел од Скопје.

Oд 2016 година ЛЦФ Клубс ја има лиценцата за Мастер франшизер и во земјите од Адриатик областа (Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија)


 


Побарај не на facebook


Уникатна LCF програма за учење Англиски јазик


Ако сакате да отворите LCF франшизно училиште за странски јазик, Ви стоиме на комплетно располагање


Феноменален онлајн систем за учење на Англискиот јазик за Вашите деца. Песни, анимации, игри, забава.


Oнлајн систем за учење на Францускиот јазик