УЧЕЊЕ ЈАЗИЦИ ОД МАЛИ НОЗЕ

Научно е докажано дека во првите осум години од животот на децата, се формираат основите за размислување, зборување јазици, гледање, формирање карактер и ставови кон работите…

А во првите 10 години, додека детето ги апсорбира како сунѓер сите симулации од средината, најлесно и најефикасно се учи. Тоа особено важи и за учењето на странски јазици.

Доколку не го искористите овој прозорец на можности, веќе по 12 година децата многу потешко и со многу помала ефикасност ќе го учат странскиот јазик.

DSC_3682

Токму затоа, во светот се исклучително популарни училиштата за странски јазици за деца. Покрај часовите во традиционалните образовни институции (градинки и училишта) децата учат странски јазици и во специјализирани училишта.

Колку е ефикасно учењето на странски јазици од мали нозе, доволно зборува примерот со Шведска, во која голем број на деца во градинките, на три години, веќе зборуваат три јазици…

LCF CLUBS во Македонија

И кај нас, од минатата година е основано специјализирано училиште за странски јазици – LCF CLUBS, кое работи по франшизниот систем на LCF CLUBS Uk, меѓународна франшиза од Англија, со повеќе од 5.000 центри во светот.

Методот кој се користи во учењето на странскиот јазик (најпопуларен кај нас е Англискиот јазик) го патентирала г-ѓата Линда Елис, а се состои од комбинација на методи и алатки – со кои детето го учи странскиот јазик на истиот начин на кој го учи и мајчиниот јазик.

DSC_3863

Преку игри, песни, креативни работилници, забава, зборување и повторување… користејќи ги високо квалитетните наставни материјали (книги, работни тетратки, цд-а, интернет платформа…) децата учат брзо, лесно и ефикасно.

Притоа децата (од 6 месеци до 14 години) во настава идеално прилагодена на нивната возраст се целосно ослободени од стрес и за разлика од традиционалните училишта, тие сакаат да доаѓаат на настава, да се дружат со своите врсници, да учествуваат во наставата…

Со тоа не само што ефикасно ќе ги изградат основите за зборување на странски јазик, туку тие ја зголемуваат и својата самодоверба.

УПИСИ

Ако сакате да видите како изгледа наставата за деца од 6 месеци до 14 години, можете да се запишете и на бесплатен демо час.

Запишаните деца до 15.09добиваат и сезонски попуст од 10%.

За уписи во LCF CLUBS чие централно училиште е лоцирано во Дебар Маало во Скопје, лиценцирани училишта се веќе отворени и во Бутел и Куманово, а за неколку месеци се очекува отворање на училиште во Кисела Вода, може да се јавите на тел. 071 330 900 или пратете маил на info@lcf.mk

DSC_3725