МЕЃУНАРОДНА ФРАНШИЗА ЗА 1500 ЕВРА

Меѓународниот ланец на училишта за странски јазици – LCF CLUBS од Англија, во соработка со LCF CLUBS Македонија, лансираат атрактивна акција за ширење на брендот и мрежата во нашата земја.

Со промотивната кампања, која ќе биде спроведена само оваа сезона во нашата земја, сите заинтересирани лица може да ја купат франшизата на LCF CLUBS за цена од само 1.500 евра.

Што значи терминот – купување франшиза?

Франшизата (и франшизингот) се атрактивни бизнис модели во светот по кои работат многу врвни фирми од целиот свет во многу полиња на работа (МcDonalds, Pizza Hut, KFC, Sixt, Avis, Enterprise, Hard Rock…) . Со купување на франшизата, дефакто, купувате комплетно разработен и проверен бизнис модел.

Добивате комплетно развиени процедури и методи за работа, писмен прирачник за водење на бизнисот, иницијална и континуирана обука за вашите вработени, пристап до одредени материјали неопходни за извршување на работата, поддршка во сите сфери на работењето, можност да го користите заштитеното име и бренд…

Праксата во светот покажува дека фирмите кои работат во франшизен систем, полесно и побрзо го етаблираат и развиваат својот бизнис, имаат подобри финансиски резултати и се неколкукратно побезбедни форми на водење бизнис од традиционалните бизниси.

Што добивате во LCF Clubs?

Конкретно, со купување на франшизата на LCF Clubs, која само оваа година чини скромни 1.500 евра добивате :

  • Комплетно разработен систем на работа (методи за предавање на странски јазици за деца од 6 месеци до 14 години),
  • Можност да го користите брендот LCF Clubs кој функционира во целиот свет од 1980 година,
  • Иницијална обука за сопственикот и за еден учител (вклучено во цената),
  • Можност да се набавуваат наставни материјали (книги за децата, работни тетратки, училишни сетови, цд-а со песни на англиски јазик),
  • Користење на интернет платформа (игри, песни, видео презентации) што може да се користат во училницата,
  • Комплетна поддршка во планирањето и дизајнирањето на просторот (училиштето),
  • Маркетинг поддршка – заеднички рекламни кампањи,
  • Поддршка во процесот на менаџирање.

DSC_3840

За кого е наменета кампањата?

Кампањата на LCF Clubs, за ширење на мрежата е наменета за следните потенцијални кандидати :

  • Луѓе кои сакаат да отворат свој бизнис со скромно иницијално вложување,
  • Учители / наставници / професори по странски јазици кои сакаат да oтворат сопствен бизнис и да го искористат својот најсилен потенцијал – знаењето.
  • Постоечки училишта за странски јазици, на кои им се потребни процедури, материјали и сакаат да влезат во мрежата на LCF Clubs,
  • Фирми, кои сакаат да го прошират своето поле на работа.

Колкав е обемот на инвестиции?

За основање и водење на бизнисот, покрај инвестицијата во франшизата, од кандидатите се бара да обезбедат :

  • деловен простор (најмалку една училница и приемна просторија) сопствен или изнајмен,
  • прилагодување и адаптација на просторот, според минималните стандарди на LCF Clubs,
  • набавка на основен пакет на наставни материјали и
  • основни работни инструменти (компјутер, принтер во боја, ламинатор, телефон…)

И многу енергија и желба за работа со деца.

Кои се LCF CLUBS?

LCF Clubs е меѓународен ланец на училишта за странски јазици кој ја започнал својата работа во Хемпшир, Англија во 1980 година.

DSC_3855

Идеен творец на LCF Clubs методот е госпоѓата Линда Елис, која за прв пат, го патентирала моделот за предавање на странски јазици со мали деца. Започнала со предавање на Француски јазик на децата во Англија, но подоцна нејзината франшиза методот го имплементирала и во процесот на изучување на Англиски, Шпански и Германски јазик.

Методот на LCF Clubs e специфичен и целосно прилагоден на возраста и знаењата на децата.

Јазиците се изучуваат на природен начин – преку игра, забава, пеење, повторувања… Без непотребен притисок, стрес и оптоварување. Децата го учат странскиот јазик на истиот начин на кој го учат и мајчиниот јазик, поради што резултатите се неверојатно ефикасни.

DSC_3662

Во процесот, LCF Clubs користат и комплетно развиени сопствени материјали – книги, работни тетратки, цд-а со музика и песни, како и специјални интернет портали наменети за училиштата, но и за учениците.

Во моментов, LCF Clubs имаат околу 5.000 училишта во светот.

Кои се предностите на овој модел?

Со отварање на франшизно училиште, добивате можност да го работите тоа што го знаете, со флексибилно работно време (време кои сами го дефинирате).

Ја имате комплетната поддршка од меѓународниот систем на LCF Clubs, и можете веднаш по обуката, подготовката на просторот и набавката на иницијалниот пакет на наставни средства да започнете со работа и со водење на училиштето. И процесот на рекламирање и промоција е поедноставен.

Можете да сметате на многу совети, идеи, модели кои функционираат во нашата и другите земји.

Koj ja развива франшизата во Македонија?

Мастер франшизер на LCF Clubs во Македонија е ЛЦФ Клубс, дооел од Скопје.

За повеќе информации, јавете се на тел. 071 330 900,  пратете маил на info@lcf.mk