ПРЕДНОСТИ ОД УЧЕЊЕТО ВТОР ЈАЗИК

boy-286240_1920Во некои дамнешни времиња, луѓето сметаа дека запишувањето на децата на курс по странски јазици претставува непотребно и бескорисно трошење на време, енергија и пари.

Но, по обемните научни истражувања правени врз билингвални деца (деца кои зборуваат два јазици) ставот на експертите, а со нив и на родителите – комплетно се менува.

Одлуката да го запишете Вашето дете на курс по странски јазик, може комплетно да го смени неговиот живот.

Како што вели Лин С. Думас – ” Изложувајќи го Вашето дете на нов свет од зборови – ја активирате моќта на неговиот мозок, го зголемувате речникот и неговата самодоверба.”

ПРЕДУЧИЛИШНАТА ВОЗРАСТ Е КЛУЧНА

Според Роналд Котулак, автор на книгата “Во мозокот” – “Во предучилишната возраст, особено првите осум години од животот, кај децата се формираат основите за размислување, говор, визија, ставови кон работите како и други карактеристики.”

ФОРМИРАЊЕ НА МОЗОКОТ

Според истиот автор во првите осум месеци од животот, мозокот на бебето формира огромен број на мозочни конекции – до милијарда во секунда. Веднаш по осмиот месец, овие конекции рапидно започнуваат да опаѓаат – освен ако истите не се под дејство на одредени стимулации. До десеттата година од животот, детето полека ќе ја загуби можноста да го научи и зборува јазикот што не го слуша.

До 12-тата година неговиот мозок е вистински сунѓер, но кога формирањето ќе се заврши, прозорецот на мозокот полека се затвара, по што учењето на странски јазик станува многу тешко, споро, сложено и мора да се користат конвенциналните начини на учење странски јазици.

Како што вели др. Хари Чугани, Невролог на Педијатриската клиника во Детроит, учењето на странски јазик мора да започне во предучилишна возраст, кога учителите може да извлечат максимум од волјата и моќта на децата да учат странски јазик.

ПРИМЕРОТ НА ШВЕДСКА

Најдобриот доказ за тоа колку е ефикасна методата на изучување странски јазици во предучилишна возраст е Шведска. Во нивните градинки може да најдете дечиња на тригодишна возраст кои флуентно зборуваат три јазици.  Впрочем, Шведска е земја која има и најголем степен на писменост во светот. Децата ги изучуваат јазиците преку игра, песни и повторување, пред да научат да читаат.

ВКУПНИ ПЕРФОРМАНСИ НА ДЕЦАТА

Истражувањата во последните неколку години покажуваат дека учењето на втор јазик, го унапредува комплетниот ментален развој на децата. Тоа пак резултира во подобри вештини во зборување на јазиците, ја подобрува самодовербата на децата, вештините на мислење и резонирање, владеење на математиката, побрзо учење да се чита и подобри културни разбирања.

LCF CLUBS ИДЕАЛЕН ИЗБОР ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ

LCF CLUBS како меѓународна франшиза основана во Англија во 1985 година, разви и патентира специјален метод за учење на странски јазици,  комплетно заснован на резултатите од претходно наведените истражувања.

Во франшизните центри на LCF CLUBS (повеќе од 5.000 училишта во светот), се едуцираат деца на возраст од 6 месеци до 14 години.

Најголемиот број на ученици доаѓаат од предучилишната возраст и за нив се креирани иновативни методи – во кои преку игри, песни, креативни работилници, повторувања… во комплетно релаксирана атмосфера, децата го учат странскиот јазик.

Ефектите од наставата се очигледни – веднаш.

Децата се полни со самодоверба, си играат со своите врсници, сакаат да доаѓаат на часовите по Англиски јазик, во домашна атмосфера ги разгледуваат своите шарени книги и работни тетратки, го повтараат материјалот, ги слушаат и пеат прекрасните традиционални песни.

Искористете го и вие “Уникатниот прозорец” во мозокот на Вашето дете во предучилишната возраст и направете ја најдобрата инвестиција за него.

За повеќе информации, јавете се во нашите франшизни центри

Дебар Маало – 071 330 900
Бутел – 070 821 390
Кисела Вода – 078 29 29 07
Куманово – 071 711 555