ТРИ ДЕЧИЊА, ГОРДОСТ НА LCF CLUBS

Секое училиште на LCF CLUBS во светот, со себе носи и раскажува по некоја автентична животна приказна. Приказна за вредните мали дечиња кои неуморно работат (слушаат, учат, зборуваат…) и за кратко време успеваат маестрално да завладеат со јазиците кои некогаш им биле непознати.

Приказната на која LCF CLUBS Maкедонија е особено горда, и која секогаш, со нескриено задоволство и гордост ја споделуваме со своите колеги во светот е приказната за семејството Глигорови.

Успешните родители, Билјана и Сашо, донесоа храбра одлука своите три прекрасни дечиња, да ги запишат на наставата во нашето училиште LCF CLUBS во Дебар Маало.

Ја имавме честа и неизмерното задоволство, да се погрижиме за владеењето со англискиот јазик на овие вредни дечиња (две братчиња и сестриче). А како на нашата работа гледа госпоѓата мајка – Билјана Глигорова, можете да прочитате во препораката подолу, за која сме и неизмерно благодарни :

ПРЕПОРАКА ЗА РАБОТАТА НА LCF CLUBS

“-Moето име е Билјана Глигорова, имам 42 години.

По професија сум доктор на медицински науки, а работам како професор на Педагошкиот факултет ,,Св. Климент Охридски”, во Скопје.

Со мојот сопруг, Сашо Глигоров (43) по професија дипломиран електроинжењер, инаку управител на градежно претпријатие, имаме три деца, Владимир 10 години, Илија 6 години и Бисера 4 години.

Покрај желбата да се имаат три деца, нормално е уште повеќе присутна желбата истите правилно да се воспитааат и образуваат. Во таа насока беше и нашата одлука тие да го посетуваат училиштето за изучување на англискиот јазик – LCF CLUBS.

Од секогаш познавањето на англискиот јазик претставувало богатство, а воедно и потреба за секого. Сметам дека колку порано децата почнат со изучување на јазикот, толку и резултатите се повидливи, а учењето е полесно.

Во моментот кога биравме училиште за изучување на англискиот јазик за првото дете, сосема случајно ја погледав понудата на LCF CLUBS. Тоа што во почетокот ми изгледаше интересно беше можноста децата од шест месеци да го посетуваат клубот. Ми се наметна идејата дека и Бисера, која тогаш имаше 3 години, може да го посетува клубот.

Уште при првиот телефонски контакт со Ивана А. со сопругот знаевме дека тоа ќе биде правилна одлука.

Вработените во LCF CLUBS не само што одлично работат со децата во однос на програмата предвидена за соодветната возраст, посебно ќе нагласам дека пред се се одлични педагози. На тој начин мојата замисла за образование, но пред се воспитание на децата се реализира.

Децата со желба доаѓаат во училиштето, се случува и доста често да добијам прашање зошто денес не одиме во клубот (ако се работи за ден кога не се на час или за време на викенд).

Без никакво размислување на сите заинтересирани родители за изучување на англиски јазик за нивните деца, го препорачувам LCF CLUBS, со најискрено пренесување на нашето позитивно искуство.

А на вработените во LCF CLUBS им Благодарам на досегашниот вложен труд во реализирање на нивната работа, со најискрена желба за понатамошни успеси и постигнувања.”