ФРАНШИЗА ЗА САМО 999 ЕВРА

Само уште ова лето, LCF CLUBS на потенцијалните кандидати им нуди можност да ја откупат меѓународната франшиза и да отворат сопствено училиште за странски јазици, со иницијален франшизен надоместок од само 999 евра (во денарска противвредност).

ШТО Е ФРАНШИЗА?

Франшизата претставува комплетно разработен бизнис модел (партнерска соработка) помеѓу франшизерот (најчесто идеен креатор и творец на одредена бизнис идеја, методологија, производ, услуга или бизнис) и франшизантите (правни лица кои влегуваат во партнерски однос со франшизерот и во свое име и за своја сметка го спроведуваат бизнисот – на начин, по методи и со материјали подготвени и обезбедени од франшизерот).

Притоа, франшизерот се грижи за своите партнери – иницијално (ги подготвува, тренира, обучува за спроведување на дејноста) и им обезбедува посебни прирачници, материјали и методи по кои треба да го спроведуваат својот бизнис.

Франшизерот има и континуирана улога во мониторирање на бизнисот, обезбедување поддршка и контрола на квалитетот.

Познати компании кои го применуваат франшизниот систем се – McDonalds, Burger King, Pizza Hot, KFC, AVIS, Enterprise, а ги има во речиси секоја гранка (производна, прехрамбена, услужна, автомобилска…)

ФРАНШИЗАТА НА LCF CLUBS

LCF CLUBS започна да функционира во 1985 година во Хемпшир, Англија како училиште за странски јазици за деца.

Преку франшизниот модел, фирмата излезе од границите на Велика Британија, и сега функционира во повеќе од 5.000 училишни центри во светот.

Во LCF CLUBS од идејниот творец – г-ѓата Линда Елис е креиран моделот, методологијата за предавање на странските јазици за деца, а фирмата има изработено и обезбедено и комплетна поддршка за своите франшизанти (прирачници за учителите во кои е објаснета наставата и опишан секој час во програмата за децата, прирачници за сопствениците и менаџерите на училиштата, книги за децата, работни тетратки, цд-а со традиционални песни, интернет платформа за полесно совладување на наставата и учење дома, електронски материјали неопходни за спроведување на наставата – игри, цртежи, слики, флеш карти…)

МАСТЕР ФРАНШИЗА

За земјите од Адриатик областа, LCF CLUBS како Мастер франшизер ја назначија фирмата ЛЦФ Клубс дооел Скопје, која има право и обврска да ја развива и негува мрежата во регионот.

Со тоа, дефакто ЛЦФ Клубс дооел Скопје има право да им нуди на потенцијалните кандидати да отворат училиште под брендот, името и логото на LCF CLUBS и да им а обезбеди основната поддршка во бизнисот.

ШТО ДОБИВАТЕ СО ФРАНШИЗАТА?

Со потпишување на франшизниот договор (кој промотивно чини само 999 евра), франшизантите добиваат :

  • можност да отворат неекслузивно училиште со брендот и логото на LCF CLUBS
  • да се промовираат како дел од мрежата на LCF CLUBS во регионот и светот, а со тоа и да добијат полесен публицитет и поефективен маркетинг,
  • да го користат методот за учење јазици за деца на возраст од 6 месеци до 14 години, докажан во сите LCF CLUBS центри на планетата,
  • добиваат иницијален пакет на книги и прирачници за настава за наставниците,
  • добиваат иницијален тренинг за еден наставник по англиски јазик,
  • добиваат можност и за континуирана обука и тренинг во Скопје, или на друга локација (зависно од курсот, тренингот и препораката на централата во Англија)
  • добиваат можност да порачуваат материјали за децата (книги, работни тетратки, цд-а со традиционални песни)
  • добиваат можност да нудат претплати за интернет платформите Englishzone и Babelzone
  • добиваат консалтинг (совети) – иницијално и во континуитет,
  • добиваат место на веб страната www.lcf.mk како лиценцирано училиште на LCF CLUBS
  • добиваат иницијални маркетинг алатки – дизајни на флаери, постери, кавер страни на социјалните мрежи,
  • добиваат можност да го применуваат и патентираниот систем на LCF CLUBS летен камп…

КОИ СЕ ИДЕАЛНИ КАНДИДАТИ?

Сопствено LCF CLUBS училиште може да отворат сите физички и правни лица кои – сакаат да отворат сопствен или да го унапредат веќе основаниот бизнис.

Потребно е да имаат желба, доволно финансии и голема љубов кон децата.

Во врска со финансиите, неопходно е да се уплати иницијалниот франшизен надоместок и да се обезбедат доволно средства за подготовка, опремување и менаџирање на училиштето (во сопствен или изнајмен простор) како и определен фонд на средства за маркетинг (рекламирање на училиштето).

Со скромно иницијално вложување и многу љубов и посветеност на работата можете да станете сопственик на успешно франшизно училиште, во кое сами ќе го менаџирате сопственото време, ќе ги планирате и распоредувате своите финансии.

ДАЛИ МОРА ДА СЕ ПРОФЕСОРИ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК?

Сопственикот на LCF CLUBS училиште воопшто не мора да е професор или да има завршено високо образование.

Тоа не е услов ниту за наставниците.

Бидејќи најголемиот број ученици на LCF CLUBS доаѓаат во старосната граница од 2 до 9 години, најважно е наставниците да имаат одлични способности за менаџирање и работа со деца и секако, одлично владеење на јазикот што се предава.

МРЕЖАТА НА LCF CLUBS ВО РЕГИОНОТ

LCF CLUBS во Македонија се појавија во 2015 година.

Во земјата, веќе се етаблирани 5 училишта кои работат под брендот и логото на LCF CLUBS, а Мастер франшизерот – ЛЦФ Клубс дооел Скопје, го доби правото да ги менаџира и пазарите во земјите од Јадранската област (Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Косово, Албанија).

КОНТАКТИ

Ако сакате и вие , да ја искористите атрактивната кампања на LCF CLUBS и да станете дел од големото семејство на лиценцирани училишта по англиски, француски и шпански јазик – побарајте не и закажете состанок на кој ќе ги добиете сите барани информации.

Тел. 071 330 900

Ве очекуваме.