(Македонски) ФРАНШИЗА ЗА САМО 999 ЕВРА

Leider ist der Eintrag nur auf Македонски und English verfügbar. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in this site default language. You may click one of the links to switch the site language to another available language.

Само уште ова лето, LCF CLUBS на потенцијалните кандидати им нуди можност да ја откупат меѓународната франшиза и да отворат сопствено училиште за странски јазици, со иницијален франшизен надоместок од само 999 евра (во денарска противвредност).

ШТО Е ФРАНШИЗА?

Франшизата претставува комплетно разработен бизнис модел (партнерска соработка) помеѓу франшизерот (најчесто идеен креатор и творец на одредена бизнис идеја, методологија, производ, услуга или бизнис) и франшизантите (правни лица кои влегуваат во партнерски однос со франшизерот и во свое име и за своја сметка го спроведуваат бизнисот – на начин, по методи и со материјали подготвени и обезбедени од франшизерот).

Притоа, франшизерот се грижи за своите партнери – иницијално (ги подготвува, тренира, обучува за спроведување на дејноста) и им обезбедува посебни прирачници, материјали и методи по кои треба да го спроведуваат својот бизнис.

Франшизерот има и континуирана улога во мониторирање на бизнисот, обезбедување поддршка и контрола на квалитетот.

Познати компании кои го применуваат франшизниот систем се – McDonalds, Burger King, Pizza Hot, KFC, AVIS, Enterprise, а ги има во речиси секоја гранка (производна, прехрамбена, услужна, автомобилска…)

ФРАНШИЗАТА НА LCF CLUBS

LCF CLUBS започна да функционира во 1985 година во Хемпшир, Англија како училиште за странски јазици за деца.

Преку франшизниот модел, фирмата излезе од границите на Велика Британија, и сега функционира во повеќе од 5.000 училишни центри во светот.

Во LCF CLUBS од идејниот творец – г-ѓата Линда Елис е креиран моделот, методологијата за предавање на странските јазици за деца, а фирмата има изработено и обезбедено и комплетна поддршка за своите франшизанти (прирачници за учителите во кои е објаснета наставата и опишан секој час во програмата за децата, прирачници за сопствениците и менаџерите на училиштата, книги за децата, работни тетратки, цд-а со традиционални песни, интернет платформа за полесно совладување на наставата и учење дома, електронски материјали неопходни за спроведување на наставата – игри, цртежи, слики, флеш карти…)

МАСТЕР ФРАНШИЗА

За земјите од Адриатик областа, LCF CLUBS како Мастер франшизер ја назначија фирмата ЛЦФ Клубс дооел Скопје, која има право и обврска да ја развива и негува мрежата во регионот.

Со тоа, дефакто ЛЦФ Клубс дооел Скопје има право да им нуди на потенцијалните кандидати да отворат училиште под брендот, името и логото на LCF CLUBS и да им а обезбеди основната поддршка во бизнисот.

ШТО ДОБИВАТЕ СО ФРАНШИЗАТА?

Со потпишување на франшизниот договор (кој промотивно чини само 999 евра), франшизантите добиваат :

  • можност да отворат неекслузивно училиште со брендот и логото на LCF CLUBS
  • да се промовираат како дел од мрежата на LCF CLUBS во регионот и светот, а со тоа и да добијат полесен публицитет и поефективен маркетинг,
  • да го користат методот за учење јазици за деца на возраст од 6 месеци до 14 години, докажан во сите LCF CLUBS центри на планетата,
  • добиваат иницијален пакет на книги и прирачници за настава за наставниците,
  • добиваат иницијален тренинг за еден наставник по англиски јазик,
  • добиваат можност и за континуирана обука и тренинг во Скопје, или на друга локација (зависно од курсот, тренингот и препораката на централата во Англија)
  • добиваат можност да порачуваат материјали за децата (книги, работни тетратки, цд-а со традиционални песни)
  • добиваат можност да нудат претплати за интернет платформите Englishzone и Babelzone
  • добиваат консалтинг (совети) – иницијално и во континуитет,
  • добиваат место на веб страната www.lcf.mk како лиценцирано училиште на LCF CLUBS
  • добиваат иницијални маркетинг алатки – дизајни на флаери, постери, кавер страни на социјалните мрежи,
  • добиваат можност да го применуваат и патентираниот систем на LCF CLUBS летен камп…

КОИ СЕ ИДЕАЛНИ КАНДИДАТИ?

Сопствено LCF CLUBS училиште може да отворат сите физички и правни лица кои – сакаат да отворат сопствен или да го унапредат веќе основаниот бизнис.

Потребно е да имаат желба, доволно финансии и голема љубов кон децата.

Во врска со финансиите, неопходно е да се уплати иницијалниот франшизен надоместок и да се обезбедат доволно средства за подготовка, опремување и менаџирање на училиштето (во сопствен или изнајмен простор) како и определен фонд на средства за маркетинг (рекламирање на училиштето).

Со скромно иницијално вложување и многу љубов и посветеност на работата можете да станете сопственик на успешно франшизно училиште, во кое сами ќе го менаџирате сопственото време, ќе ги планирате и распоредувате своите финансии.

ДАЛИ МОРА ДА СЕ ПРОФЕСОРИ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК?

Сопственикот на LCF CLUBS училиште воопшто не мора да е професор или да има завршено високо образование.

Тоа не е услов ниту за наставниците.

Бидејќи најголемиот број ученици на LCF CLUBS доаѓаат во старосната граница од 2 до 9 години, најважно е наставниците да имаат одлични способности за менаџирање и работа со деца и секако, одлично владеење на јазикот што се предава.

МРЕЖАТА НА LCF CLUBS ВО РЕГИОНОТ

LCF CLUBS во Македонија се појавија во 2015 година.

Во земјата, веќе се етаблирани 5 училишта кои работат под брендот и логото на LCF CLUBS, а Мастер франшизерот – ЛЦФ Клубс дооел Скопје, го доби правото да ги менаџира и пазарите во земјите од Јадранската област (Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Косово, Албанија).

КОНТАКТИ

Ако сакате и вие , да ја искористите атрактивната кампања на LCF CLUBS и да станете дел од големото семејство на лиценцирани училишта по англиски, француски и шпански јазик – побарајте не и закажете состанок на кој ќе ги добиете сите барани информации.

Тел. 071 330 900

Ве очекуваме.


(Македонски) SUMMER CAMP ВО LCF CLUBS

Летниот камп на LCF CLUBS во Скопје е во полн ек.
 
Дечињата кои го посетуваат кампот имаат можност, секој работен ден, во четири супер квалитетни часа, со програма комплетно на англиски јазик да учат, да се забавуваат, дружат, да ги подобруваат своите знаења од англискиот јазик.
 
Програмата, комплетно дизајнирана во централата на LCF CLUBS опфаќа многу креативни работилници, едукативни програми, излети, прошетки...
 
Искористете ја и вие можноста и запишете го вашето дете во Летниот камп на LCF CLUBS.
 

Arrow
Arrow
ArrowArrow

Slider


(Македонски) ТРИ ДЕЧИЊА, ГОРДОСТ НА LCF CLUBS

Leider ist der Eintrag nur auf Македонски und English verfügbar. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in this site default language. You may click one of the links to switch the site language to another available language.

Секое училиште на LCF CLUBS во светот, со себе носи и раскажува по некоја автентична животна приказна. Приказна за вредните мали дечиња кои неуморно работат (слушаат, учат, зборуваат…) и за кратко време успеваат маестрално да завладеат со јазиците кои некогаш им биле непознати.

Приказната на која LCF CLUBS Maкедонија е особено горда, и која секогаш, со нескриено задоволство и гордост ја споделуваме со своите колеги во светот е приказната за семејството Глигорови.

Успешните родители, Билјана и Сашо, донесоа храбра одлука своите три прекрасни дечиња, да ги запишат на наставата во нашето училиште LCF CLUBS во Дебар Маало.

Ја имавме честа и неизмерното задоволство, да се погрижиме за владеењето со англискиот јазик на овие вредни дечиња (две братчиња и сестриче). А како на нашата работа гледа госпоѓата мајка – Билјана Глигорова, можете да прочитате во препораката подолу, за која сме и неизмерно благодарни :

ПРЕПОРАКА ЗА РАБОТАТА НА LCF CLUBS

“-Moето име е Билјана Глигорова, имам 42 години.

По професија сум доктор на медицински науки, а работам како професор на Педагошкиот факултет ,,Св. Климент Охридски”, во Скопје.

Со мојот сопруг, Сашо Глигоров (43) по професија дипломиран електроинжењер, инаку управител на градежно претпријатие, имаме три деца, Владимир 10 години, Илија 6 години и Бисера 4 години.

Покрај желбата да се имаат три деца, нормално е уште повеќе присутна желбата истите правилно да се воспитааат и образуваат. Во таа насока беше и нашата одлука тие да го посетуваат училиштето за изучување на англискиот јазик – LCF CLUBS.

Од секогаш познавањето на англискиот јазик претставувало богатство, а воедно и потреба за секого. Сметам дека колку порано децата почнат со изучување на јазикот, толку и резултатите се повидливи, а учењето е полесно.

Во моментот кога биравме училиште за изучување на англискиот јазик за првото дете, сосема случајно ја погледав понудата на LCF CLUBS. Тоа што во почетокот ми изгледаше интересно беше можноста децата од шест месеци да го посетуваат клубот. Ми се наметна идејата дека и Бисера, која тогаш имаше 3 години, може да го посетува клубот.

Уште при првиот телефонски контакт со Ивана А. со сопругот знаевме дека тоа ќе биде правилна одлука.

Вработените во LCF CLUBS не само што одлично работат со децата во однос на програмата предвидена за соодветната возраст, посебно ќе нагласам дека пред се се одлични педагози. На тој начин мојата замисла за образование, но пред се воспитание на децата се реализира.

Децата со желба доаѓаат во училиштето, се случува и доста често да добијам прашање зошто денес не одиме во клубот (ако се работи за ден кога не се на час или за време на викенд).

Без никакво размислување на сите заинтересирани родители за изучување на англиски јазик за нивните деца, го препорачувам LCF CLUBS, со најискрено пренесување на нашето позитивно искуство.

А на вработените во LCF CLUBS им Благодарам на досегашниот вложен труд во реализирање на нивната работа, со најискрена желба за понатамошни успеси и постигнувања.”


(Македонски) ВРАБОТУВАМЕ

Leider ist der Eintrag nur auf Македонски und English verfügbar. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in this site default language. You may click one of the links to switch the site language to another available language.

Ако ги исполнувате следните критериуми :

– одлично познавање на англискиот јазик,

– одлични комуникациски вештини,

– љубов и желба за работа со деца,

– завршено соодветно високо образование (ќе биде сметано како предност)

Вашата апликација и CV пратете ги на :

E-mail : info@lcf.mk


(Македонски) ПРЕДНОСТИ ОД УЧЕЊЕТО ВТОР ЈАЗИК

Во некои дамнешни времиња, луѓето сметаа дека запишувањето на децата на курс по странски јазици претставува непотребно и бескорисно трошење на време, енергија и пари.

Но, по обемните научни истражувања правени врз билингвални деца (деца кои зборуваат два јазици) ставот на експертите, а со нив и на родителите – комплетно се менува.

Одлуката да го запишете Вашето дете на курс по странски јазик, може комплетно да го смени неговиот живот.

Како што вели Лин С. Думас – ” Изложувајќи го Вашето дете на нов свет од зборови – ја активирате моќта на неговиот мозок, го зголемувате речникот и неговата самодоверба.”

ПРЕДУЧИЛИШНАТА ВОЗРАСТ Е КЛУЧНА

Според Роналд Котулак, автор на книгата “Во мозокот” – “Во предучилишната возраст, особено првите осум години од животот, кај децата се формираат основите за размислување, говор, визија, ставови кон работите како и други карактеристики.”

Continue reading


(Македонски) УПИСИ 2017 ГОДИНА

Leider ist der Eintrag nur auf Македонски und English verfügbar. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in this site default language. You may click one of the links to switch the site language to another available language.

Уписите во новата, 2017 година, на курсот по Англиски јазик за деца во франшизните училишта на LCF CLUBS во Дебар Маало, Кисела Вода, Бутел и Куманово се започнати.

Запишете го на време вашето дете, бидејќи училиштата работат со  ограничени и мали групи  во кои максимално се посветува внимание на секое дете.

Училиштата се лиценцирани од LCF CLUBS, персоналот обучен и сертифициран според програмата на LCF CLUBS.

Запишете го вашето дете на креативниот и ефикасен метод на учење странски јазици, во кој преку игра, забава, пеење, креативни работилници, совршено ќе го научи јазикот на иднината.

Информации на тел. 071 330 900


LCF CLUBS И ВО КИСЕЛА ВОДА

za prednaОд оваа есен, меѓународната франшиза на училишта за странски јазици LCF Clubs. започна да функционира и во населбата Кисела Вода во Скопје. За повеќе информации, закажување на демо час и запишување на Вашето дете на изучување на Англискиот јазик, јавете се на телефонот подолу.

LCF CLUBS –Кисела Вода Скопје

Тел. 078 29 29 07


МЕЃУНАРОДНА ФРАНШИЗА ЗА 1500 ЕВРА

Меѓународниот ланец на училишта за странски јазици – LCF CLUBS од Англија, во соработка со LCF CLUBS Македонија, лансираат атрактивна акција за ширење на брендот и мрежата во нашата земја.

Со промотивната кампања, која ќе биде спроведена само оваа сезона во нашата земја, сите заинтересирани лица може да ја купат франшизата на LCF CLUBS за цена од само 1.500 евра.

Што значи терминот – купување франшиза?

Франшизата (и франшизингот) се атрактивни бизнис модели во светот по кои работат многу врвни фирми од целиот свет во многу полиња на работа (МcDonalds, Pizza Hut, KFC, Sixt, Avis, Enterprise, Hard Rock…) . Со купување на франшизата, дефакто, купувате комплетно разработен и проверен бизнис модел.

Continue reading


УЧЕЊЕ ЈАЗИЦИ ОД МАЛИ НОЗЕ

Научно е докажано дека во првите осум години од животот на децата, се формираат основите за размислување, зборување јазици, гледање, формирање карактер и ставови кон работите…

А во првите 10 години, додека детето ги апсорбира како сунѓер сите симулации од средината, најлесно и најефикасно се учи. Тоа особено важи и за учењето на странски јазици.

Доколку не го искористите овој прозорец на можности, веќе по 12 година децата многу потешко и со многу помала ефикасност ќе го учат странскиот јазик.

Continue reading


LCF CLUBS ВО БУТЕЛ

 

homeОд оваа есен, меѓународната франшиза на училишта за странски јазици LCF Clubs. започна да функционира и во населбата Бутел во Скопје. За повеќе информации, закажување на демо час и запишување на Вашето дете на изучување на Англискиот јазик, јавете се на телефонот подолу.

LCF CLUBS – Бутел, Скопје

Тел. 070 821 390