LCF CLUBS ВО КУМАНОВО

canstockphoto1903261Наставата по Англиски јазик согласно методите на меѓународниот франшизен ланец на LCF Clubs за  деца од 6 месеци до 14 години, сега е достапна и во Куманово.

Наставата започнува оваа есен. За повеќе информации, закажување демо час и запишување на вашето дете јавете се на долниот телефонски број.

LCF CLUBS – Куманово

Тел. 071 711 555

 


Новогодишна и Божикна забава

ЛЦФ Клубс, ја организираше својата прва Новогодишна и Божикна забава. На неа, децата ги добија своите први LCF сертификати, а добија и новогодишни подароци од својата учителка. Погледнете дел од празничната атмосфера во нашето училиште.

c1
c2
c5
c3
c4
c6
c7
m4
c12
m6
m5
c15
m9
c11

Првата Halloween забава

LCF Clubs Македонија, во своето училиште за странски јазици во населбата Тафталиџе во Скопје, ја организираше за своите дечиња- ученичиња, првата официјална Halloween забава. На Halloween журката, која беше организирана во очи на празникот (на 28 и 29 Октомври) децата дојдоа на специјалниот час, во своите неверојатно креативни маски и костуми, имаа можност да си играат, да сецкаат, лепат и бојат, да се забавуваат, да ги учат и пеат традиционалните Halloween песни… Првата Halloween журка помина во “страшнооо” добра атмосфера. За неа најзаслужни беа, се разбира – децата и нивните родители. Ви благодариме!

h5
h1
h1
h10
h8
h13
POSTER мал
h9
h12


Промотивни цени и попусти

Во првата сезона од функционирањето на училиштето за странски јазици ЛЦФ Клубс во Македонија, родителите имаат можност да ги запишат своите деца по специјални, промотивни цени.

slika 2Со месечна членарина од само 1.300 денари, децата може да ја следат наставата по англиски јазик со динамика од еден час неделно.  За месечен надомест од 2.000 денари децата може да ја следат специјалната LCF Clubs програма за учење на англискиот јазик со динамика од два часа неделно.

На наведените цени, децата запишани во септември, 2015 година добиваат и промотивни цени на наставните материјали (книги, работни тетратки) како и дополнителен попуст од 10% ! Не пропуштајте ја оваа одлична можност.

За дополнителни информации, закажување на бесплатен демо час или упис на Вашето дете јавете се на нашиот телефонски број – 071 330 900


Магична атмосфера

На бесплатните демо часови во училиштето за странски јазици ЛЦФ Клубс од Скопје, родителите и пред се децата, имаа можност да ја почувствуваат магичната атмосфера која се создава за време на наставата по Англиски јазик. Под будното око на сертифицираниот (од страна на LCF Clubs од Англија) наставник и основач на училиштето – Ивана Атанасовска, децата се забавуваа, си играа, пееа песни, се движеа и уживаа.

slika 4Во тој креативен и забавен процес, ослободен од напор и стрес, децата ја полнат својата база на знаења и вештини, учат нови зборови, составуваат реченици и се подготвуваат за зборување на англискиот јазик. По формирање на групите, започнува редовниот наставен процес и следење на наставната програма која е целосно и детално испланирана и дизајнирана од страна на централата во Англија. Доколку и вие сакате да го донесете Вашето дете на бесплатните демо часови во ЛЦФ Клубс и да се уверите во магијата на наставниот процес, јавете ни се на тел. 071 330 900 или пишете ни маил на : info@lcf.mk

Дотогаш, погледнете ја прекрасната галерија на фотографии од наставните часови во нашето училиште.

slika 4
slika 1
slika 2
slika 5
slika 6
slika 7
slika 8
slika 9
slika 11
slika 12
slika 12

Бесплатен демо час

Во училиштата за странски јазици на меѓународната мрежа LCF Clubs формирана во 1985 година во Хемпшир, Англија, се употребува специјален наставен метод и се користат специјални наставни помагала – книги, работни тетратки, флеш карти, игри, интернет платформа…

zakazete demo casНаставниците проаѓаат специјална обука во централите на LCF Clubs во светот, со цел да го научат и владеат методот за предавање на наставниот материјал на децата од 6 месеци до 14 години. Комплетната настава се спроведува преку активна комуникација, игра, забава, пеење песни и играње игри. Во процесот децата се забавуваат и ја зголемуваат својата база на знаења, речник на зборови, говорни вештини. Колку е навистина магичен процесот на настава, најдобро можете да почувствувате на бесплатниот демо час. Донесете го Вашето дете и уверете се!

Информации и закажување термин на тел. 071 330 900 или на е-маил:  info@lcf.mk


Уписите се во тек

Започна новата школска година. Заедно со неа започнаа и уписите по Англиски јазик за деца во нашето училиште за странски јазици ЛЦФ Клубс во Скопје.

kindergartСо  докажаната програма на меѓународниот ланец на училишта за странски јазици LCF Clubs од Англија, веќе се запознаа дваесетина деца кои ги посетија демо часовите во новиот LCF Центар во Скопје, ја запознаа магијата на учење на странски јазици преку игра, песна и забава
и веќе се најдоа на нашата листа на први ученици.

За повеќе информации или закажување на демо час, Ве молиме да не контактирате на телефонскиот број 071 330 900, или на e-mail : info@lcf.mk