BABY CLUB

Дали е умно, Вашето бебе во првите месеци од својот живот да учи странски јазик? Апсолутно да!

Baby Club е специјално дизајнирана програма за учење странски јазици за најмалите, во која има многу музика и забава. Часовите се одржуваат во мали групи, со 6 до 8 родители кои на наставата присуствуваат заедно со своите бебиња. Часовите имаат времетраење од 30 минути.

Мајките имаат активна улога на часовите.

Бидејќи бебињата сеуште не можат да одат и зборуваат, голем дел од програмата во LCF Baby Club се заснова на слушање на англиските зборови и песни, во топлите прегратки на своите мајки.

Како е можно децата да научат англиски, кога не го знаат ни македонскиот јазик?

Дечињата сеуште не го зборуваат англискиот јазик, но го учат на истиот начин на кој го учат и својот мајчин јазик. За време на часовите, има многу музика, песни, игри… дечињата учат на истиот начин на кој учат со својата мајка.

Да учествуваат на часовите, мајките не треба да знаат англиски јазик. Впрочем, токму на овие часови и оние мајки кои не го владеат англискиот јазик ќе научат многу зборови, песни и игри… Дополнително, добиваат и ЦД па може да учат и повторуваат и дома.

Курсот понатаму продолжува со Jazz Mataz.