Франшиза

canstockphoto1903261

Подготвени сте да започнете сопствен бизнис?

Размислувате да отворите училиште за странски јазици? LCF Clubs e идеалната формула за Вашата бизнис идеја.

LCF Clubs е еден од најпознатите меѓународни ланци на училишта за странски јазици во светот, основан во 1985 година во Хемпшир, Англија.

Во светот има повеќе од 5.000 франшизни центри кои оперираат под заштитното лого на LCF Clubs, ги користат уникатните наставни методи и високопрофесионални материјали (книги, работни тетратки, прирачници за спроведување на наставата, цд-а со прекрасни песни, флеш карти, интерактивни интернет портали за учење странски јазици и многу други помагала).

Богатата тридецениска традиција и големиот број оперативни и успешни LCF центри во светот, се гаранција дека отворањето на франшизен јазичен центар може да биде една од најдобрите одлуки во Вашата кариера и Вашиот професионален развој.

Со отворањето на франшизен LCF центар добивате :

– докажано, високо квалитетно искуство во процесот на предавање на странски јазици

– проверен и тестиран наставен метод

– квалитетни, креативни и подготвени за употреба наставни материјали

– индивидуална поддршка за основање на бизнисот и негово водење

– континуирани тренинзи и обуки

– потенцијал да основате и развиете профитабилен бизнис

– конкурентен производ по конкурентна цена

– промотивни и маркетинг материјали

– меѓународно признаени бренд и имиџ

– употреба на дизајнирани логоа и заштитни марки

Зошто да купите франшиза?

Кога го потпишувате франшизниот договор со нашиот Мастер франшизен партнер за Македонија – ЛЦФ Клубс дооел Скопје, добивате комплетна поддршка во процесот на основање, водење и позиционирање на пазарот на Вашето училиште за странски јазици.

Најпрво, ќе добиете комплетна помош и поддршка во подготвителниот период. Ќе добиете помош при правењето на бизнис планот, основањето на фирмата, изборот на локацијата за Вашиот училишен центар.

Добивате директен пристап до наставните материјали, како за учителите, така и за децата. Добивате интензивен тренинг и обука за примена на наставниот метод. Добивате маркетинг материјали кои ќе ви помогнат во процесот на рекламирање на Вашето училиште, како и комплетен предлог за ефикасна маркетинг кампања.

Кои се идеалните кандидати?

Ако имате соодветно образование, одлично познавање на странски јазик, сакате да отпочнете, негувате и развивате сопствен бизнис и притоа имате бескомпромисна желба и љубов да работите со деца, тогаш сте идеалниот кандидат за влез во франшизната мрежа на LCF Clubs. Со скромна финансиска конструкција, можете да го основате, водите и менаџирате Вашиот LCF Club.

Можност да станат дел од LCF мрежата, ја имаат и сите постоечки училишта за странски јазици. Со склучувањето на договорот, овие училишта се стекнуваат со можноста да го користат името и брендот, комплетната бизнис, едукативна и маркетинг поддршка, материјалите (книги, работни тетратки, прирачници, материјали), а токму тоа може да го помогне нивниот опстанок и развој на пазарот.

Третиот профил на потенцијални кандидати се и професионалците, кои сакаат да ги испробаат своите можности, знаења и капацитет во областа на приватниот бизнис (претприемништвото). За нив не е задолжителна соодветна универзитетска диплома, затоа што секогаш може да ангажираат и обучат професионални и сертифицирани LCF наставници.

Со влегувањето во мрежата на LCF Clubs, добивате разработен бизнис модел, комплетна поддршка од нашите професионалци, можност за лесно генерирање на профит и флексибилно работно време кое самите го дефинирате, според своите желби и можности.

Побарајте не

За повеќе информации, Ве молиме да не контактирате на е-маил : info@lcf.mk или на тел. 071 330 900

Со задоволство ќе одговориме на сите Ваши прашања, со задоволство ќе закажеме информативен состанок, со задоволство, без никакви обврски од Ваша страна, ќе ве поканиме да присуствувате на демо часовите во нашиот Клуб да ја почувствувате магијата и да се уверите дека LCF Clubs е вистинскиот избор во вашата професионална кариера.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *