GREEN COURSE

Часовите по англиски јазик за децата кои одат во градинка, се поделени во три дела, а секој дел има своја посебна програма.

Првиот воведен курс во програмата е LCF Green Course во кој децата за прв пат го запознаваат полжавчето Вилијам (William the Snail) кој ќе остане со нив до завршување на неколку курса и ќе им помогне да го научат англискиот јазик.

На оваа возраст – од 3 до 6 години, децата со леснотија го учат англискиот јазик бидејќи нивниот нервен систем и мозочиња силно се развиваат во овој период, па и тие се екстремно приемливи, флексибилни и брзо учат.

Програмата за англиски јазик е прилагодена на нивната возраст и емотивна зрелост. Дечињата пеат, учат низ рима, го учат јазикот преку многу слики, движења и реални ситуации. Тие и не се свесни дека учат, а зборовите и  изговорот перфектно се комбинираат и позиционираат.

Дечињата совршено добро ги разликуваат различните јазици на кои се изложени, па стравувањата на родителите дека може да ги мешаат јазиците, се целосно неоправдани.