LCF JAZZ MATAZ

JAZZ MATAZ е специјално креиран курс по англиски јазик во кој има многу движења, а се земаат предвид и модерните истражувања комбинирани со повеќе од 20 годишното искуство во работата со дечиња.

Во лекциите, дечињата учат англиски, пеат, се движат и забавуваат.

Бидејќи овој период е исклучително битен за развојот на децата, покрај учењето на јазикот, курсот има и многу други дополнителни предности  – игрите, играчките и песните ја развиваат ритмиката кај децата, координацијата на нивните движења, слушањето, а квалитетно поминатото време со нивните родители ја засилува меѓусебната врска и зголемува љубовта, ја подобрува социјалната интеграција и ја зголемува самодовербата кај децата.

Часовите траат од 30-45 минути, а на наставата присуствуваат и родителите или старателите.

За учество на наставата, старателите не мора да знаат англиски јазик, а за време на забавните часови и самите учат многу од јазикот.

На располагање на родителите им стојат и материјалите, цд-то со прекрасни традиционални песни на англиски јазик, како и интернет платформата Englishzone на која може да се најдат многу интерактивни игри, песни, приказни и материјали.

По завршување на овој курс, децата продолжуваат со курсот – LCF Green.