LCF JUNIOR 1

Децата полека влегуваат во возраст во која е нормално родителите да си го постават прашањето кој е најдобриот начин да го помогнат развивањето на англискиот јазик кај своите деца.

Во ова време, децата најверојатно веќе го учат англискиот јазик во училиште, но нивните наставници се изложени на премногу очекувања. Тие мора да го научат детето на огромен вокабулар, многу граматички структури, да му вбризгаат многу знаење, во релативно кратко време и многу големи групи на деца.

И сето тоа, умее да биде контрапродуктивно и да ги намали резултатите.

Повеќето родители во оваа фаза се прашуваат што би било идеално решение за нивното дете? Дали да го запишат на паралелен курс, или да ангажираат личен учител?

На ова прашање не постои добар или лош одговор бидејќи и едниот и другиот мртод имаат свои предности.

Додека приватниот учител може да се фокусира и прилагоди на брзината на учење на секое дете, посебно во граматичките области со кои детето не владее совршено, LCF Junior курсот, нуди за нијанса поинаква атмосфера во која децата преку интересни предизвици, игри, комуникација со учителите и врсниците што дополнително го зајакнува неговото знаење, комункациски вештини, самодоверба а му дава можност на детето за развој на своето поле на другарчиња.