LCF RED COURSE

Red Course на LCF CLUBS e наменет за деца кои веќе го владеат до одредено ниво англискиот јазик и се подготвуваат да тргнат на училиште.

На оваа возраст се препорачува децата веќе да имаат надворешен учител по англиски јазик бидејќи во домашни услови, тие веќе развиваат дополнителни интереси кои го одвлекуваат нивното внимание па не е препорачливо наставата да ја држи родител или старател.

Во амбиентот на нашите клубови, децата веќе може да следат настава со времетраење од училишен час – 45 минути, што покрај познавањето на јазикот ќе им помогне и во зголемување на концентрацијата, самодовербата и психолошката подготовка за училиште.

Во Red Course, наставата и материјата веќе се прилагодува на возраста на децата и на нивните веќе променети интереси. Во овој курс учиме за пријателството, институциите во кои сме, разликата помеѓу град и село, а се фокусираме и на заштита на животната средина.

Red Course продолжува со курсот Year 2.