LCF YEAR 3

LCF Kids Club Year 3 е курс во кој децата веќе започнуваат да разработуваат напредни теми.

Во основа, и овде децата учат преку забава и игри, но игрите се веќе посериозни од претходните курсеви. Фокусот е главно насочен кон подобрување на разбирањето на англискиот јазик, подобрување на говорот и изразувањето, но во секој час се присутни и одредени задачи на пишување и читање.

Децата веќе знаат да пишуваат и читаат на својот мајчин јазик, па и во нашиот клуб се става акцент на пишувањето и читањето и на англискиот јазик.

Курсот претставува одлично надополнување на наставата по англиски јазик која децата ја следат и во училиште.