Нашиот метод

home

Уникатно, забавно и креативно учење на странски јазици 

Идејниот творец на мрежата на специјализирани училишта за странски јазици “LCF Clubs”, г-ѓата Линда Елис ги удри темелите на уникатниот метод за изучување на странски јазици. Meтод врз основа на кој се изградени повеќе наставни програми за деца од најраната возраст (6 месеци) до 14 години.

Начинот на кој се предава странскиот јазик и материјалите кои притоа се користат зависат од возрасната група на ученици. Она што е заедничко за сите програми е дека истите се засновани на забава, игра, креативна комуникација. Научно е докажано дека децата најдобро и најлесно учат низ игра, забава, од сопствено искуство и од директна двонасочна комуникација.

Токму затоа, во LCF Clubs се користат методи кои се многу слични со природниот едукативен процес, на истиот начин на кој децата го учат и сопствениот (мајчин) јазик. англискиот, францускиот и шпанскиот јазик се учат преку забавни техники, како на пример – пеење, игри и забавни активности. Се разбира, овие игри се менуваат и стануваат се попредизвикувачки, заедно со возраста и прогресот во совладувањето на странскиот јазик од страна на детето, но процесот секогаш останува ослободен од било каков притисок или стрес.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *