YEAR 4

Во Kids Clubs Year 4 веќе работиме со покомплексни структури на зборови и реченици. Врз база на нашата методологија, се врши надградба на веќе формираниот вокабулар на децата, а се работи и на нови теми главно поврзани со здравјето, емоциите, времето, парите и рутинските активности.

Децата кои ќе ги завршат сите наши курсеви на крајот од курсот Year 4 веќе се подготвени за полагање на детските испити на Кембриџ за странски јазици.

За време на курсот, се подобруваат вештините на децата, нивните перформанси во училиште, а сериозно растат и нивните познавања на англискиот јазик што се докажува и преку способноста за полагање на интернационалните испити за англискиот јазик.

Дополнително, тие се запознаваат и со нови земји, култури и луѓе.